Во последната емисија од балканското талент шоу “Никогаш не е доцна”, Сашо Башески од Прилеп ги воодушеви членовите на жирито и публиката со емотивна изведба на песната “Девојка из града”.
Со неговиот препознатлив глас и прекрасна интерпретација на песната, успеа да ја пренесе длабоката емотивност и приказна кои се кријат во оваа нумера.
54-годишниот прилепчанец се занимава со музика повеќе од 3 децении, а своевремено свирел гитара. Иако не загазил професионално во музичките води, од самиот почеток на својата кариера пее заедно со својот брат Дејан, со кого го сочинуваат дуетот “Дуо Башески”.
Eден од првите кои го искажа своето воодушевување од настапот на Башески беше Саша Милошевиќ – Маре, кој не ги криеше импресиите.
“Мене константно оваа песна ми прави слики во главата, особено кога го слушам оригиналот. Го мерам изведувањето на оваа песна со тоа и доколку ги имам истите тие слики во главата, тоа е посебно. Прекрасна интерпретација и прекрасна песна”, истакна Маре, а Џеља додаде:
“Прекрасно навистина уживав. Бевте прекрасни, пеете точно и прецизно”.
Настапот на нашиот прилепчанец слушнете го од 1:10:17 во видето во продолжение:
Да му посакаме среќа во финалето!