Марјан Радески кој досега настапуваше за Шкендија го засили нападот на Академија Пандев.
25-годишниот сениорски репрезентативец на Македонија пред два дена потпиша договор со Академија Пандев и се приклучи на подготовките за новата сезона.
Еден од најдобрите напаѓачи во домашното првенство кој подеднакво добро игра и на крилните позиции, доаѓа како големо засилување за тимот на Горан Пандев.
Радески претходно во кариерата освен за Шкендија, настапуваше уште за Металург и 11 Октомври Прилеп.
Од новиот клуб на Радески му посакаа топло добредојде.