Македонија го освои третото место во екипна конкурецнија на Светското првенство во параглајдерство, чиј домаќин во изминатите две недели беше француското гратче Шаму-сир-Желон, во северниот дел на Алпите.
Составот: Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски, по двете одржани трки освои 14.878 поени, избивајќи пред Чешка на последниот ден од натпреварувањето.
Златниот медал му припадна на домаќинот Франција со 16.100 поени, а на второто место заврши Велика Британија со 15.517.
Вкупно на Светското првенство се натпреваруваа 57 држави.