Екипата на Брегалница новата сезона во Втората фудбалска лига ја започна одлично, а амбицијата на штипската екипа е враќање во фудбалската елита во Македонија следната сезона.
Три триумфи и еден нерешен резултат за 10 бода и пласман на самиот врв на табелата, каде во моментов со исто толку бодови се и: Кожув, Беласица и Шкендија Арачиново.
Инспиратор на одличните игри на Брегланица е искусниот голгетер од Прилеп, Даниел Карчески, кој на последните два натпревари постигна три гола.
Карчески викендов беше прецизен од белата точка во натпреварот против Новаци, кој штипјани го добија со 4:2, а минатата недела два пати прецизно стрелаше против Тетекс, каде Брегалница триумфираше со високи 6:1.
Ако продолжи во овој ритам, Карчески со сигурност ќе биде мотив плус за останатите во тимот и ќе помогне во остварување на зацртаната цел – пласман во Првата лига.