Прилепчанецот Емил Димоски има хоби кое ќе освои сечиј поглед: Неговите ремек дела се вистинска инспирација

Прилепчанецот Емил Димоски (36 г.) е професор по математика и физика во основното училиште „Добре Јованоски“, а целото свое слободно време го посветува на своето интересно хоби. Тој со многу трпение, љубов и креативност изработува слики, макети на стари селски куќи и инсталации со етно елементи, а најголема преокупација му се мариовските градби. Вели дека работата го релаксира и инспирира, а пред се од своето хоби ја црпи енергијата која му е потребна за извршување на секојдневните обврски.

14508698_10208907609261910_71217466_n

Пасијата кон овој вид уметност му дошла од мали нозе кога неговите родители го носеле на посети низ околните села. Макети започнал да изработува уште во петто одделение во основното образование. Најпрво биле куќарки од кибритчиња. Додека студирал изработивал куќарки од камчиња. Како поминувало времето така се надоградувал и сега изработува веродостјни и оргинални макети на стари куќи.

За изработка на творбите и на макетите користи материјали претежно од прилепското поднебје. Собира камчиња, дрвца, плитари, ќерамиди, сѐ што се наоѓа во околината што го опкружува. Макетите ги изработува така што ги доловува најситните детали на истите. Искршените прозори, распаднатата и оштетена дограма, чардакот на кој одамна престанал животот по штиците, пондилата и шталите во кои ги нема животните, различните покриви се само дел од елементите кои се застаени во макетите.

– Уживам додека ги работам куќарките, а најголемо внимание посветувам на предниот дел. За мене чардакот е најубавиот дел за изработка  бидејќи на него се одвивал голем дел од секојдневните обврски на жителите, а пред се на домакинките. Куќите ги правам како слика во три димензии со што поавтентични материјали. Внимавам секое камче да си го најде соодветното место. Но не само што ги создавам макетите на куќи се интересирам и за начинот на нивната изградба и за животот што секојдневно се одвивал во истите  и за куќните елементите инивната намена . Затоа често ги комбинирам каменот, грнето за грав, лејката и другите традиционални екементи во изработката на моите дела – објаснува тој.

14518688_10208907609381913_232057034_n

Со своите изработки ги оживува старите разурнати куќи и не дозволува да заминат во заборав спомените на македонската традиционална архитектура. Почнал да изработува макети уште во петто одделение, а прво тоа биле куќарки направени од кибритчиња. Додека студирал изработувал куќарки од камчиња, а како поминувало времето се надоградувал и сега изработува веродостојни и оригинални макети на стари куќи. Иако за ова хоби треба многу време, труд и трпение тој постојано твори.

– Потребни се најмалку две недели за изработка на една куќарка, бидејќи работам внимателно, со пинцета и лепам дел по дел. Ставам, ред камчиња, па ред малтер, земја, слама и така со ред. Кога се работи од љубов ништо не е тешко, напротив часовите што ги посветувам на моето хоби се вистинско задоволство – вели Емил.

14518767_10208907609421914_1258189448_n

Тој има присуствувано на Балканска колонијата на ракотворби која ја организира здружението Астерион 5 од Битола. Оваа година Емил Димоски, одржа Работилница, пред студенти и заинтересирани посетители… Преку неа, практично е прикажана умешноста и уметноста на техниката, преку која создава уникатни дела, со помош на природни материјали, земја, сламки, камчиња, малтер, гранчиња.

Главната подршка за изработка на неговите дела се неговите родителии неговиот брат кои во ниту еден момент не се обиделе да го отргнат од неговото хоби и да го ограничат во просторот кој истото го бара. Енергијата за своите дела ја црпи и од своите ученици. Некои од неговите дела се настанати сосем случајно благодарение на најмладите за кои има и насловени дела “Диди“. Подршката за своите дела ја наоѓа и кај своите колеги кои редовно ме пратат во моите уметнички чекори-вели Емил

14483842_10208907609341912_600391602_n

Покрај присуството на поголем број на заеднички изложби, сон ми е да имам и самостојна изложба, за која делата се изработени само го чека денот кога ке се отвори.

– Желба ми е да ја зачувувам традицијата, но и да ја афирмирам преку најразлични културни активности – истакна Димоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.