Прилепчанецот Дарко Илиески се врати во Чаир

Екс фудбалерот фудбалерот на Победа, Дарко Илиески, повторно се враќа во редовите на Шкупи.

Илиески во првиот дел од сезоната беше еден од клучните играчи на Струга ТЛ, а во екипата од Чаир се враќа после две години.

27-годишниот централен дефанзивец, во својата кариера освен во дресот на Победа, Шкупи и Струга, Илиески настапуваше и во Пелистер, Борец, Тиквеш, Металург, 11-Oктомври, а во странство играше во ерменски Ширак и словенечки Копер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.