Во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, вчера во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“ во село Мало Коњари, беше предадена во употреба теретана.
На настанот воведно обраќање имаше градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој пред присутните порача:
,,Денес сме сведоци на уште една позитивна промена во нашата заедница почитувани сограѓани, а тоа е отворањето на новата теретана на отворено во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“. Оваа иницијатива е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, чија основна цел е младите да станат активни учесници во подобрувањето на својата околина. Оваа теретана ќе биде важен ресурс за сите млади тука во ова населено место, но и за сите кои сакаат да се грижат за своето здравје и го практикуваат активниот живот. Верувам дека таа ќе стане место каде што децата и младите ќе се собираат, ќе спортуваат и ќе развиваат здрави навики. Искрено се заблагодарувам на сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект – на тимовите кои работеа неуморно, на координаторите и сите чинители кои се залагаа за неговото успешно завршување. Нашата посветеност како Локална самоуправа да создадеме подобри услови за живот продолжува. Ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина за сите наши жители. Морам да напоменам дека оваа теретана произлезе токму од потребите и барањата на младите во општина Прилеп и како таква е наменета за нив.”
https://www.facebook.com/reel/895645859174810
Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, спроведуван од Про Локал во партнерство со Младински Совет Прилеп и уште 7 локални организации од Пелагонискиот регион.