Прилепско: Копале во дворот па нашле гранати од Прва светска војна

На 28.02.2024 во 13.05 во Полициско одделение Кривогаштани, В.Ѓ.(49) од с.Обршани, прилепско, пријавила дека при вршење на земјоделски работи во дворното место, нејзиниот сопруг пронашол две минофрлачки гранати.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите и констатирал дека се работи за гранати со калибар од 62мм од Првата Светска војна – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.