Богата посна трпеза и песна ечеше пред параклисот на Св. Никола во прилепската населба Жабино маало, каде традиционално секоја година еден ден пред празнувањето во центарот на градот се празнува празникот „Св. Никола“. Градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Сашо Николоски кој оваа година беше домаќин, ги поздравија присутните и посакаа многу здравје, радост и бериќет. Прославата продолжи на плоштадот пред параклисот, а градоначалникот беше присутен и на вечерните богослужби кои се поврзани со празникот на градот „Св. Никола“.