На островот Саламина – Грција, оваа година се одржа 11-тиот Balkan International Wine Competition (BIWS).
На натпреварот учествувале рекорден број примероците од повеќе од 1.000 вина од 280 винарии од сите балкански земји.
Виното Сарика Бело од семејната винарија Сарика од Прилеп, се закити со бронзен медал.
Сопственик на оваа мала успешна винарија е нашиот сограѓанин Гоце Станоески, за кого ова не е прв успех. Во февруари годинава во конкуренција од 144 мостри од вина и ракии, тој освои прво место за најдобра ракија и ги победи и кавадарчани и неготинчани, во рамки на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022” – Натпревар во најдобро вино и ракии, кој го организираше општина Неготино.