Прилепски судии ќе ја делат правдата на денешниот натпревар од Младинската лига на шампиони помеѓу Стеауа и Академија Пушкаш. Судиската тројка ќе биде предводена од прилепчанецот Влатко Илиоски како главен судија, а негов асистент ќе биде Иле Мишески. Во тимот е и Мартин Дејаноски од Кичево, додека улогата на четврт судија ќе ја има Романецот Влад Бабан.
Натпреварот се игра денеска со почеток од 16:30 часот, а македонските судии ќе имаат значајна улога во водењето на овој важен дуел. Овој ангажман претставува уште една потврда за професионалноста, континуитетот и квалитетот на нашите судии, кои сѐ почесто добиваат доверба да ја делат правдата на високорангирани мечеви под капата на УЕФА.
























