Пролетното разубавување и чистење на градот, очигледно на некого му смета. Често ќе слушнеме дека луѓето бараат чист и уреден Прилеп, а тоа и го добија, но секогаш ќе постојат такви кои сатисфакцијата и задоволството ќе го бараат во уништување и рушење на се она што е убаво и вредно за сите.
Ова е сликата од една од цветниците улици во центарот на Прилеп, каде нашата камера наиде на неколку уништени зимзелени дрвца.
Локалната самоуправа и комуналните претпријатија направија од Прилеп гордост за прилепчани, сепак, за жал имаме сограѓани кои не поседуваат елементарна култура во себе.