Прилепски рок бренд кој трае 16 години: THE HOUNDS го најавија концертот за својот 16-ти роденден

Најпознатите прилепски рокери, THE HOUNDS го најавија концерот за својот 16-ти роденден, кој веќе традиционално се одржува во срцето на прилепската Стара чаршија, во клуб “Калинка”.

-Со особена чест и задоволство Ве покануваме на нашиот годишен роденденски концерт, кој ќе се одржи на 21ви Август 2024г, во центарот на чаршијата во Прилеп, пред клубот Калинка. На сцената нема да сме сами, традиционално ќе не придружуваат наши колеги, уметници, артисти. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините прерасна во културен белег на градот, со преполн Прилеп и гости од цела Македонија. Се гледаме на 21ви Август, во срцето на чаршијата, секогаш во среда – 16 години Хаундс – пишуваат од бендот во поканата до прилепчани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.