Прилепски ПАРАКЛИС утрово блескаше од убавина! Голем број дечиња чекаа за причесна, а свештениците ги даруваа со божикни пакетчиња (ФОТО)

Голем број родители, баби и дедовци, денеска на прв ден Божик ги донесоа своите најмали на литургија и причесна во црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис.

Сликата беше преубава да се видат толку мали дечиња на едно место кои чекаа на ред да се причестат, а свештениците од овој црковен храм во Прилеп им доделија и божикни пакетчиња.

-Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светотсо светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеана ѕвездите од ѕвездата се учеa тебе да ти се поклонуваат, сонце на правдата, и да те познаат тебе, исток на висините, Господи, слава ти! ХРИСТОС СЕ РОДИ – напишаа од црковниот храм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.