Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп, е најчеста мета на критики од граѓаните во изминатите години. Нередовното одлагање на отпадот, чистотата на улиците, големиот број кучиња скитници, коњи, магариња по улиците…, а згора на тоа и зголемените сметки си го направија своето, па раководството на претпријатието не може глава да крене од граѓаните.
Што да се прави, лош народ им се погоди….
А што ли ќе речат граѓаните кога ќе видат дека само за гуми за моторни возила, претпријатието склучило договор во вредност од 5,7 милиони денари, или над 90.000 евра.
На порталот од електронскиот систем за јавни набавки детално е опишан договорот, а таму се гледа дека Комуналец набавил едно чудо гуми од скопска фирма.
Веројатно претпријатието конечно се подготвува да ја стави во функција целата своја механизација, трактори, камиони… за да ја врати чистотата во Прилеп.