Тодор Рисетески е млад спортист кој несомнено треба да не прави горди што живее во нашиот град. Постојано со нови успеси чекори кон врвот на карате спортот. Посветен кон она што го работи, Тодор е секогаш спремен за нови предизвици, гладен за нови победи, а со тоа и за нови медали и одлукувања како за него така за Прилеп и Македонската Карате Репрезентација. Оддели малку од своето време и одговори на нашите прашања.
Koга започна твојата опсесија со каратето, на која годишна возраст и како се вљуби во овој спорт?
Многу добро се сеќавам на мојата шест годишна возраст, кога размислував дали да започнам со спортот кој во тоа време го следев на ТВ екраните, а тоа беше светското првенство во Фудбал 1998 и да се радувам на головите како онај третиот на Зидан со главата во финалето против Бразил или пак да бидам како човекот со најсилното оружје наречено кунг-фу кое припаѓа на јапонската вештина за самоодбрана наречена Карате. Односно да станам како човекот со психичка надмоќ над противникот, со силата и брзината на раката и ногата, Брус Ли. Тоа беше човекот кој повеќе ме инспирираше за она што сакам да бидам и така моја опсесија стана трошење на енергија по дома за да по кратко време започнам да тренирам Карате со голема љубов уште од тие денови.
Дали постои некој кој инсистираше да запловиш по спортските води или желбата се разви од твоја страна?
Секако дека желбата беше голема од моја страна, но мојот Татко инсистираше затоа што залудно ја трошев мојата енергија по дома и дека треба да започнам со редовени тренинзи со Карате и достоен партнер за спаринг.
Кој е клубот чии бои ги браниш?
Карате клубот “Спорт 94 ” – Прилеп е мојот моментален матичен клуб, заедно со мојот тренер Петар Белистојаноски кој го оформил овој клуб и чија најголема заслуга е спортист на Македонија во 1994 год.
Кога беше првиот повик за Македонскара карате репрезентација и како дојде до тоа да ја претставуваш нашата земја на меѓународни натпревари?
Тоа беше 2007 година кога изборив место на државното првенство да ја претставувам Македонија во мојата категорија во борби на балканскиот шампионат во Букурешт, Романија, каде бев рангиран во првите пет места и со тоа бев повеќе мотивиран да наредно дојдам до медал на такво поголемо натпреварување.
Што претставуваат за тебе настапите за Македонската репрезентација?
Верувајте дека посебно е чувството да бидеш привилигиран и декларинан како спортски промотор на сопствената земја, баш во она што го љубиш и сакаш да го работиш носејќи ги тие заштитни бои црвена и жолта и секое едно ново доживување на поголемо натпреварување, а воедно и секој нов настап е шанса за остварување на неоствареното и нели просто кажано да се искачиш скала погоре до врвот.
Кои се најголемите успеси на Тодор Ристески?
Најголем успех на Тодор и највреднуван е петто место на Европски сениорски шампионат во Тенерифе – Шпанија, за кој пораз во борбата за Бронза жалам постојано, но ништо не е завршено јас верувам и тренирам да се надмине тоа. После овај успех добив титула Спортист од Меѓународна катерорија при Агенцијата за млади и спорт. Во 2013 година бев во првите седум на Европското сениорско првенство во Будимпешта- Унгарија, во 2014 година ставувам Балкански Сениорски шампион на домашен терен во Охрид. Потоа следат медали од сениорски турнири низ европа, трето место на Медитеранско Првенство во Бари – Италија 2011 за да со тој успех ја претставувам Македонија на светско првенство во Малезија, но за жал без позначаен успех се вратив. Повторно изгубена борба за финале, па и за бронза во 2010 во Измир – Турција, но тој пат како јуниор, Балкански јуниорски медали, Државен првак како кадет, јуниор и сениор.
Кој е најтешкиот натпревар кој си го имал, на какво првенство и дали ти донесе успех?
Сум имал тешки борби најмногу на светски натпреварувања и сум издвојувал победи, но недоволно за медал. Секој меч на едно такво натпреварување од таков каратер си има тежина, но ете како најтежок натпревар онај во Тенерифе со 5 борби и силни противници.
Кој е патот до успехот според тебе?
Голема желба, мотивација до она што сакаш да дојдеш, тренинг и напорна работа, луѓе позади себе и нивна подршка, и мислам кога тогаш успехот доаѓа.
Дали постои некој кој е инспирација за тебе на спортски план, кое спортско име те води низ твојата кариера?
Инспирација е тренерот Петар Белистојански кој е најзаслужен за мене, покрај моите родители, кој виси и вика над глава за подобар јас. Но има такви спортски имиња не само од мојот спорт и од други спортови на кои јас му се восхитувам, особено еве Новак Џоковиќ и неговата перфектна психа.
Какви планови има Тодор за во иднина и со какви подготовки се соочуваш за да ги реализираш тие планови?
Да се биди дел од елитата во својата категорија на европски и светски план, учества на Премиер лигата и повисоко бодување на WKF ранг листата. Подготовките се постојано со напорни тренинзи со помош на своите клубски и репрезентативни колеги.
Кое е твоето мислење за моменталната состојба на карате спортот во Прилеп и Македонија, дали постои можност за подобрување и со што според тебе би требало да се позанимаваат надлежните во каратето ?
Епа фактот што го имам највисокиот успех во борби во Карате спортот во нашиот град, покажува дека треба и се бара од идните каратисти да го подобрат овој успех за наш заеднички успех како град во овај спорт. Сепак и јас останувам да работам на тој план. За моменталната состојба на каратето во Македонија можам да кажам дека карате федерацијата добива највисоки успеси како федерација и има најголем број на оскари во борби и кати на последните неколку манифестации, благодарение на Европскиот првак Емил Павлов кој беше бронзен на Европските Олимписките Игри и секако останатите моќни успеси на колегите кои помагаат заслушено да добиваме една поголема афирмација, почит и внимание како Македонија. Но најголема заслуга за тоа има претседателот на федерацијата Драги Стојановски.
Тодор ти благодариме за одвоеното време и ти посакуваме да не радуваш со нови спортски успеси во иднина.
Ви благодарам и јас и ви посакувам се најдобро и вас во иднина.
Подготви: Александар Георгиоски