Која храброст ја имал нашиот сограѓанин, па преку ноќ на место каде стои табла со ,, забрането одлагање на отпад”, ја исфрлил целата покуќнина. И ова не е на периферијзта на градот, не е на некоја дива депонија, ова е скоро во центарот на градот, на 10 сетина метри од оградата на ОУ,, Кире Гаврилоски-Јане – пишуваат од ЈКП Комуналец Прилеп.
-И само што помислувате дека по поплавата која со себе го донесе и сиот отпад, совеста ќе ни проработи, наш сограѓанин преку ноќ го испразнил домот со непотребни стари кревети, теписи, пердиња, облека и обувки и ги исфрлил до мостот кој води во тиската населба.
Порака до ,, господинот”. Драг наш сограѓанину! За да бидеш господин во животот, само да си се јавел на 048 /428 992 и да пријавиш каков отпад треба да се подигне од твојот двор со бесплатната дополнителна линија од ,, Комуналец”, која секој четврток доаѓа на пријавената адреса и собира габаритен отпад и други ствари.
Драг ,, господине”, господин човек е оној кој ќе си ја организира работата, а други ќе му ја завршат.
Драг,, господине”, во 21 век, дозволувате Вашето дете утрово кога оди на училиште да ја види оваа грда слика во својот град и да има лоша перцепција во своето главче за својот роден град.
И за крај, Драг,, господине”, кога ќе бидете прав ГОСПОДИН?!
Комуналните работници веќе го исчистија местото, а случајот од страна на ,, Комуналеџ”, е пријавен во Инспекторатот при Локалната самоуправа – стои во објавата на јавното комунално претпријатие од Прилеп.