Прилепски “домаќинлук”: Речиси целосно осакатено зеленилото на обновената булеварска улица “Димо Наредникот”

18051817_10211024111030187_1814317034_n

Од неодамна улицата “Димо Наредникот” на потегот од хотел “Липа” до Симпо, ја краси нов модерен лик со четири ленти и зелен појас во средината.

18051563_10211024110990186_666098870_n

Иако напорите на комуналното претпријатие  “Комуналец” и Локалната самоуправа се секогаш насочени кон подобрување на естетскиот лик на градот, но и подобрување на квалитетот на воздухот преку овие зелени садници, некој тоа не го сфаќа така.

Зимзелените дрвца и расцутените цвеќиња речиси и да не останаа, иако нема повеќе од 10 дена откако беа посадени, на нивното место останати се јамите кои сведочат за големиот прилепски “домаќинлук” на некој наш сограѓанин, кој општото добро најверојатно го искористил естетски да си го разубави својот дом или својата тераса.

18072860_10211024111750205_490502450_n

Навистина знаеме да бидеме брука од народ. Сакаме и се  бунтуваме за чист и среден  град, а од друга страна кога тоа го добиваме возвраќаме со уништување на се’ што е вредно.

Апелираме до граѓаните доколку имаат потреба да се обратат до ЈКП “Комуналец” од каде сигурно ќе добијат можеби и на поклон неколку садници,.

18009028_10211024111390196_1166926233_n

Ваквата слика говори за нашата некултура. Верувајте, нема да се обогатите со неколку зимзелени дрвца, напротив станувате се посиромашни по душа и срце.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.