И покрај зачестените контроли дрвокрадците во Прилеп не мируваат.
Вечерва нов конвој со натоварени запрежни коли со запленети дрва помина низ центарот на Прилеп.
Се чини дека дрвокрадците не отстапуваат од својата намера за нелегална сеча на шумите во околината на Прилеп и прилепско, па ниту повеќемината приведени лица и повеќе запрежни коли и возила кои деновиве беа запленети, за нив не се причина да престанат со илегалните дејствија.
За најновата акција на МВР и шумската полиција повеќе детали очекуваме во текот на денешниот ден.