Пазарев во Футура, нема што нема, а и евтино како нигде на друго место, имаше акција на еден куп производи – ова најчесто ќе ви го каже секој од Прилеп кога ќе го прашате од каде испазарил намирници за дома.
А богами нема да ве излаже, затоа што прилепскиот бренд “ФУТУРА” е меѓу првите компании кои отворија големи маркети во градот.
Со чесно и домаќинско работење компанијата во изминатите години ја освои довербата на прилепчани и жителите на околните општини.
Дека тоа е така говори и фактот што во 2020 година компанијата беше помеѓу најуспешните и најпрофитабилните компании во Прилеп, рамо до рамо со другите гиганти од прилепската економија.
Во “ФУТУРА” прилепски кажано ќе најдете од пиле млеко. Подредени рафтови како во аптека, се на свое место, чисто, стокмено. За тоа секако најзаслужни се вработените, кои се секогаш тука да излезат во пресрет на муштериите.
Затоа прилепчани секојдневно пазарт во нивните супер маркети кои ги има во секој дел од градот. Ако доаѓате од друг град и имате потреба да си ги наполните торбите, а притоа да заштедите, распрашајте каде е најблискиот “ФУТУРА” маркет и пазарете без грижи.
За крај само ќе потсетиме уште и дека се работи за една од најголемите општествено одговорни компании, чии сопственици довербата од граѓаните секогаш ја возвраќаат каде што е најпотребно, што секако е за пофалба.