Секој почеток на учебната година е посебен и за децата и за родителите. Но, секогаш радоста е најголема за првачињата и нивното првото училишно искуство.
Витаминка е компанија која сака да ги слави и да ги споделува тие радости, особено со најмалите.
-За таа цел, денес на сите наши вработени, чии дечиња оваа учебна година се првачиња, им доделивме ранци со неопходниот прибор и се разбира, многу наши производи за успешен почеток.
После доделувањето направивме и прошетка низ нашата фабрика. Секако, најдолго се задржавме во деловите каде се произведува омилениот- Стоби Флипс.
Нашата компанија има приоритет да ги вбројува во својата стратегија сите вистински вредности, а ваквите настани се само дел од тоа.
Им посакуваме успешен почеток на учебната година на сите дечиња – велат од прилепскиот гигант број еден “Витаминка”.