На 25 мај во Битола во Спортскиот центар за боречки вештини Пелистер се одржа церемонија за свечено доделување на мајсторски појаси -степени – објави порталот “ИПОН.MK”
Имено, со одлука на Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк, САД, во повисоки мајсторски степени – појаси беа промовирани:
Ѓуро Илиќ 7 дан, Ѓорѓи Чатлески 7 дан и Марјан Димески 5 дан
„Овластен за доделувањето на овие дан појаси-степени беше Марјан Димески долгогодишен џудист, моментално активен џудо ветеран во Прилеп и Америка, со посебно писмено овластување од страна на асоцијацијата.
ИЗВОР: “ИПОН.МК”