ПРИЛЕПСКИТЕ ХЕРОИ ГО ОСВОИЈА И ЕЛБРУС: Маријанa и Владимир го развиорија македонското знаме на највисоката точка во Европа! (ФОТО)

Прилепските херои од планинарскиот клуб “Мамути” успеаа да го совладаат и највисокиот врв во Европа, Елбрус (5642 метри надморска височина) во Русија.

Со искачувањето на најголемиот џин во Европа, Maријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски по кој знае кој пат докажаа дека се подготвени за големи предизвици.

Целата група од Македонија кои се искачија на Елбрус се состоеше од 4 членови, и тоа: Владимир Јованоски ПК „Мамути“, Маријанa Ѓорѓиевска ПК „Мамути“, Стоилко Стоичев ПК „Македон“ Скопје, Љупчо Ѓорѓиев ПСК „Чеплес“ Велес.

На патот до највисоката точка, експедицијата се соочила со температури од -15 Степени целзиусови, ветер со силина од 70км/ч и кислород намален за 50%.

На врвот сигнале во 10:30 часот, а во Прилеп се враќаат на 06.07 (петок).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.