Булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп беше претесен да ги собере сите граѓани кои вечерва маршираа и кажаа не за двојазичност и разнебитување на државата.
Прилепчани едногласни и обединети во идејата за унитарна Македонија, Македонија која ќе чекори кон просперитет, а не држава во која ќе се гази врз македонската чест и достоинство.
Со патриотски песни и извици, 6000 прилепчани маршираа од споменикот “Прилепски бранители” до споменикот “Карпалак”.
Забележително беше тоа што, голем број, меѓу народот познати како поддржувачи на опозицијата, беа вклучени во маршот.
Прифаќањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, за исполнување на барањата на албанските партии, за воведување на двојазичност во државата, воведување на двојазични банкноти, двојазични униформи на полицијата и војската, наиде на жесток отпор во градот херој, кој и овој пат најмасовно се приклучува во одбраната на државата.
Граѓаните порачаа дека протестите продолжуваат и утре пред хотел Липа, со почеток од 18:00 часот.