Ракометарите на РК Прилеп го забележаа и шестиот пораз сезонава, откако синоќа загубија на домашен терен од екипата на Пролет со 19:22 (11:13 на полувремето).
Прилепчани одиграа изедначен натпревар, во кој резултатот беше во егал речиси до последната четвртина од натпреварот, но при резултат 17:17, гостите направија разила од 4:0, па за момците на Боби Мојсов новиот пораз беше неминовен.
Домашната публика навикна на головите на Владан Кастратович кој и синоќа беше одличен со 8 погодоци, но недостасуваше помош од останатите соиграчи.
Со овој нов пораз РК Прилеп полека го губи чекорот за пласман на едно од првите четири места, кои водат во плеј-оф разигрувањето.
Во наредното коло прилепчани му гостуваат на Вардар во Неготино.