Прилепското Здружение “Прилепски прочкари” денеска учестува на карневалот “Странчинарски игри” во с. Мокриево во општина Ново Село, струмичко.
Членовите на здружението ќе се претстават со маската “Прилепски жетвари”, a како и на секој карневал прилепчаните имаат подготвено групна маска, кореографија и игра.
Секоја година за Василица во ова место се собираат стотици граѓани, но и учесници на Странчинарските игри од цела Македонија.
Странчинарите всушност биле заштитници на народот. Василица бил денот кога со звукот на “џангараците” и страшните маски се истеруваат злите духови и се собира храна за сиромашните.
Здружението “Прилепски прочкари” го претставува Прилеп и нашата држава на голем број маскембали и надвор од границите, а досега имаат освоено и голем број награди и признанија.