После медицинските лица и голем дел од целокупната популација во Република Македонија, животот на СДСМ очигледно ги зафати и пожарникарите.
Од Независниот Синдикат на ТППЕ Прилеп обвинија дека лудилово ќе нема крај.
Имено, луѓето обвинија дека биле прегазени, прелажани и дека не го добиваат она што им следува законски, камоли нешто повеќе.
Истите обвинуваат дека и покрај тоа што на сметката имало над милион денари, сепак, поради манипулациите од новите нестручно вработени лица биле изманипулирани, парите биле пренаменети за други цели. Исто така, тие напоменуваат дека такви слични случаи имало и во цела Македонија, а нивните колеги од ТППЕ Гостивар за ист таков проблем ја тужеле општина Гостивар и ја блокирале сметката на истата.