Денеска од страна на припадници од Територијалната противпожарна единица Прилеп беше посетено основното училиште “Рампо Левката”.
Пожарникарите Блаже Јовески и Томе Стеваноски им ја претставија професијата пожарникар на децата. Ги запознаа со основните работи од противпожарната заштита и со дел од опремата што ја користат пожарникарите при нивните интервенции.
Исто така децата имаа шанса да постават и по некое прашање и одблиску да се запознаат со противпожарното возило, нешто што за нив преставуваше огромно задоволство и разви голема љубопитност.
Учениците имаа прилика да се фотографираат, а ќе имаат и што да раскажат дома на своите родители. Ова е одлична едукација која заслужува секаква пофалба. Се надеваме дека и останатите училишта и наставници ќе покренат вакви иницијативи, не само за воспитување на децата за противпожарната заштита, туку одлично би било да се вклучат и други институции, на пример полицијата, брзата помош и слично.