Прилепските пингпонгари со рутинска победа на домашен терен

1

Во второто коло од првата пингпонгарска лига на Македонија, екипата на Младост 96 ја извојува првата победа сезонава и тоа со убедливи 5-2 против екипата на Пошта 2 од Скопје. После несреќниот пораз во првото коло од екипата на Мултитекс – Битола, младите играчи на ППК Младост 96 влегоја сериозно во овој дуел, и победата не беше доведена во прашање. Победите за победничката екипа ги извојуваа Антонио Стомнароски и Александар Рикалоски, а за екипата играше и Христијан Иваноски. Ова беше рутинска победа на младата екипа на Младост 96, која оваа сезона претендира за највисок пласман. Наредното коло Младост96 ќе гостува во Скопје на екипата на Студент која во првите две кола е со две победи.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.