Прилепските пингпонгари со нова победа на гостински терен

 

Во четвртото коло од првата пингпонгарска лига на Македонија, екипата на Младост96 извојува уште една висока победа. Во Скопје победена е екипата од Дебар Мало со резултат 5-1. Иако на овој натпревар составот на Младост96 беш ослабен со неиграњето на Александар Рикалоски, сепак останатите играчи кои настапуваа на натпреварот беа супериорни во текот на целиот натпревар. По две победи извојуваа Антонио Стомнароски и Методија Иваноски додека една победа извојува Златко Рикалоски. Со оваа победа Младост 96 е на второто место на табелата со шест бодови, два помалку од водечкиот Ѓорче Петров од Скопје. До крајот на есенскиот дел преостанувт уште три кола во кои два натпревари Младост96 игра дома а еден гостува во кочани. Наредното коло е на 15 Ноември со екипата на Куманово во Прилеп. Во последното коло ќе се одлучува за првото место со конкурентот Ѓорче Петров од Скопје, за освојување на есенската титула.

venko




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.