Заради почетокот со работа на Пречистителната станица, која беше капитален проект на претходната власт, но пред неколку месеци во употреба ја стави актуелната, прилепчани ќе добиваат сметки за вода повисоки за 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода.
Со тоа не само што не се исполни предизборното ветување на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, туку сметките за вода ќе поскапат за минимум 50-60%.
Имено, Јованоски пред да стане градоначалник ветуваше намалување на цената на водата за 20%, ветување кое замина по вода.
Првото покачување на сметките за вода се случи преку зголемување на цената на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води, која е дел од сметката за вода.
Досега граѓаните плаќаа по 3 денари за метар кубен на име на оваа услуга, цена која сега е зголемена на 5,28 денари, или плус 2,28 денари на секој потрошен метар кубен вода.
Тоа може да се види од приложените сметки во продолжение:
Сега со додатните 17,35 денари за секој метар кубен потрошен вода, сметките ќе добијат астрономски цени.
Па така ако го земиме претходниот пример, на 15 метри кубни потрошена вода во месецот, сметката од 540 денари ќе скокне за дополнителни 260 денари, или вкупно 800 денари.
Ова за едно скромно прилепско семејство кое во просек троши по 15 кубици месечно, ќе значи голем товар и дополнителен годишен трошок од 3.100 денари.
Ова особено ќе ги погоди пензионерите и нивниот буџет.
Со оглед дека пензиите не растат, ова ќе виде голем удар по џебот на пензионерите, кои гледано според претходната пресметка, годишно ќе треба да одделат околку 10.000 денари за сметките за вода, односно една просечна пензија.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа одлуката која Советот ја донесе и ќе важи од 01.01.2019 година, да се преиспита и општината да пристапи кон субвенционирање на дел од цената на сметките за вода.
Сепак, таквото барање беше одбиено.