Денеска се одржа голем протест на пензионерите пред Владата. Тие остануваат на барањето минималната пензија да изнесува 18.000 денари и да има линеарно зголемување од 5.000 денари на сите пензии.
-Ги повикувам пратениците Законот да го донесат пред изборите. Бараме тој закон да биде изгласан онака како што ние бараме. Не сме задоволни со социјални пакети, рече Драган Угриновски, претседател на Здружението на пензионери за достоинствен живот.
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изразија поддршка за пратениците и рекоа дека следната влада која ќе ја предводат тие ќе ги поддржи пензионерите во нивните барања.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ се соживуваме со маката што ја имате вие. Преживувате со минимални средства и немате достоинствен живот. Во нашата програма која ја подготвуваме, ќе ги ставиме барањата кои вие ги имате, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.