Неодамна во Црна Гора и Албанија се одржаа два светски купа во параглајдинг во дисциплина прецизно слетување. Од овие натпревари браќата Мартин и Борјан Јованоски се вратија со две втори места во екипна конкуренција, а нивниот татко Миле Јованоски во Албанија стана светски шампионат, беше најдобар во конкуренција на пилоти од 20 земји и го освои првото место. Успехот од светските купови беше повод за прием кај првиот човек на градот.
„Семејството Јованоски е пример како се преставува Прилеп надвор од Македонија. Како локална самоуправа ние и понатаму ќе создаваме услови за развој на овој спорт. Неодмна добар терен за параглајдерство подготвивме кај мнастирот Трескавец , па заедно со соседно Крушево можеме да организираме и врвни светски натпреварувања“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Прилепските параглајдеристи својата форма ја темпираа токму за овие два натпревари каде повторно докажаа дека се во врвот на овој спорт. Миле Јованоски, Мартин Јованоски и Борјан Јованоски, покрај тоа што настапуваат за параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп се дел и од водечкиот тим на БГД на светската ранг листа во екипна конкуренција. Во наредниот период браќата Јованоски продолжуваат со подготовки за европското првенство кое годинава ќе се одржи во Крушево во месец август.