Бојкотот на наставата продолжува до крајот на неделата, најави вчера претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи, кој деновиве оставари средби со пратениците од почитичките партии, а доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и пратениците од ДУИ.
Според информациите средношколците во најголем број се обединети и во Прилеп, каде има огромна поддршка за барањата на Сојузот до Министерството за образование.
Ставот на владејачката СДСМ е дека е промени на моделот за матура не може да донесат пратениците, туку тоа мора да го направи МОН или Бирото за развој на образованието. Оттаму велат дека матурантите решение треба да бараат во Министерството за образование.
Средношколците бараат намалување на бројот на предмети за државна матура, од четири на два, а министерката Мила Царовска засега не попушта.