Фудбалерите на Победа обезбедија опстанок во Втората фудбалска лига, откако попладнево на стадионот во “Ѓорче Петров” го совладаа Куманово со 2:1.
Иако се работи за опстанок во Втора лига, ова е огромна радост за младата екипа на црвено-белите, како и за фудбалските вљубеници во Прилеп.
Триумфот за прилепчани го донесоа Давид Дебрешлиоски во 62-та и Димитар Шаркоски во 71-та минута. Куманово успеа да намали само на 2:1 во 73-та минута преку Дарио Десниќ.
Само за потсетување. Најстариот фудбалер на Победа има 22 години, па овој успех на “децата” од Прилеп е од огромно значење за некогаш најфудбалскиот град во Македонија.
Честитки дечки! Прилепскиот фудбал има иднина, да се надеваме дека ќе има и спонзори идната сезона.