Прилепските гимназијалци направија растур на државните натпревари по географија и учествуваа на Светската Олимпијада во Кина

Учениците од СОУ Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп постигнаа голема доминација на државните натпревари по географија последниве години, а ученикот Давид Димовски зеде учество и на Светската олимпијада IESO 2022 Кина.

Во 2021 год. учениците под под менторство на проф. Виолета П. Велкоска ги постигнаа следниве резултати:

I година
1. Давид Димовски – I место, 2. Давор Петрески – III место, 3. Михаел Матески – I награда, 4. Марија Стојческа – II награда

III година
1. Душица Тодороска – I место 2.Елеонора Мицеска – III место

Во просториите на ПМФ -Скопје со физичко присуство се одржа селекциониот натпревар за да се одреди тимот од 4 ученици кои ќе се подготвуваат за Светската олимпијада по географија IESO 2022 Кина.

Се решаваше комплексен тест согласно видот и обемот на прашањата кои се предвидени за Светската Олимпијада 2022.

Ученикот Давид Димовски стана член на тимот кој ќе учествува на Светската Олимпијада во Кина 2022год. – информираат од гиманизјата.

И оваа 2022год. во просториите на ПМФ во Скопје се одржа Државниот натпревар по географија. На натпреварот учествуваа ученици од втора и трета година од Гимназијата „Мирче Ацев“-Прилеп.

На натпреварот зедоа учество учениците кои ги освоија првите три места на предходно одржаните регионални натпревари од сите средни државни и приватни училишта во Македонија.

Учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп под менторство на проф.Виолета П.Велкоска ги постигнаа следниве резултати, а со тоа се стекнаа со право да учествуваат на селекциониот натпревар за Светската олимпијада по географија 2023 год.

III година
1.Софија Гешоска- I место

II година
1.Никола Бонески- III место 2.Михаел Матески- II награда 3.Давор Петрески- III награда




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.