Прилепскиот ЏК “Сеишин” повеќе од успешен на Балканското првенство во Кавадарци (ФОТО)

Изминатиот викенд, од 01-02.09.2018, во Кавадарци се одржа Балканско Првенство за сениори/ки во џудо. Организатори на ова првенство беа Џудо федерацијата на Македонија со техничка поддршка на Џудо Клубот “Кожувчанка” – Кавадарци.

На ова Балканско првенство учество зедоа вкупно 8 држави (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово).

Во составот на Македонската сениоркска репрезентација беа и 5 репрезентативци – членови на Џудо Клубот “Сеишин”- Прилеп и ги освоија следноте резултати:

Поединечно натпреварување:

1. Александра Најдоска кат. +78 кг. 2-ро место
2. Христијан Ѓураков кат. -81 кг. 3-то место.

Екипно натпреварување (цела репрезентација 2-ро место), поединечно учесници од Џудо Клуб СЕИШИН:

Марио Тошески кат. -73 кг. 2-ро место, Христијан Ѓураков кат. -81 кг. 2-ро место, Кристијан Тошески кат. -90 кг. 2-ро место, Бобан Глигуроски кат. -90 кг, 2-ро место, Александра Најдоска кат. +78 кг. 2-ро место

Во eкипното nатпреварување во полуфиналната борба, репрезентацијата на Македонија (мажи+жени) ја победи Албанија, додека во финалето Македонија загуби од Босна и Херцегоцвина.

Со оглед на претходниот преоден период, поради летните одмори и краткото време за припреми, Џудо Клубот “СЕИШИН”-Прилеп е задоволен со настапот на своите натпреварувачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.