Младата ракометна репрезентација оствари голем успех со пласманот на Светското првенство. Младите ракометари ја совладаа Туција со фантастични 20 гола разлика и стигнаа на врвот на табелата, со што го обезбедија местото кое води директно на завршниот турнир во Алжир.
Заслуга за успехот има и прилепчанецот Ице Соколески кој е асистент тренер на селекторот Tемелковски. Исто така, во поширокиот список на селекторот се најде и прилепскиот бек Давор Шокоски, за кого се надеваме дека ќе продолжи со добрата игра и ќе се избори за место меѓу патниците на мундијалот.