Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „ЧИСТА КУЌА“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство.
На 4 -ти декември 2025, претставата ќе биде изведена во театарот во Струмица, на 6-ти декември во Велес, а на 13-ти театарот, “Војдан Чернодрински“ ќе гостува во Никшиќ, Црна Гора.
Публиката во овие три града ќе има можност да ја проследи „Чиста куќа“, претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови…. Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување… Чистењето во претставата не е само физичка активност, тоа е метафора…. Претставата се движи на границата меѓу реалноста и имагинацијата, користејќи елементи на магичен реализам за да ги прикаже емотивните состојби на ликовите, каде вицовите можат да лекуваат и убиваат, а љубовта може да живее и по смртта. Сара Рул, со својот препознатлив поетичен стил ја претвора секојдневната болка во нешто магично, духовито и лековито. „Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос.
Податоци за претставата:
Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски
Музички соработник на режисерката: Ана Митоска
Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа
Фото : Фан продукција Зоран Пилоски
Актерска екипа:
ЛЕЈН – Даниела Иваноска
МАТИЛДА – Наташа Ачански
ВИРЏИНИЈА – Катерина Чакмакоска-Клинческа
АНА – Јасмина Мицовска Станкоска
ЧАРЛС – Димитар Ѓорѓиевски
























