Прилепскиот театар денеска премиерно ќе ја одигра претставата “Саатот” во режија на Кристина Димитрова

Денеска со почеток од 20.00 ч. во Сцена 105, театарот „Војдан Черрнодринскии“ при НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп премиерно ќе ја изведе претставата „Саатот“.

СААТОТ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Режија: Кристина Димитрова
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценoграфија и костими: Благој Мицевски
Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски

Играат:

СААТОТ – Филип Јездиќ
ЈОВАН – Димитар Ѓорѓиевски
ВЕРА – Наташа Ачански
Вокална појава во финалната сцена – Ана Митоска

Техничка екипа:

Инспициент – Елена Иваноска
Светло мајстор – Ристе Грковски
Тон мајстор – Томе Темелкоски
Суфлер – Кети Јанчески
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски

Благодарност до Огнен Јанески, Даниела Иваноска, Гоце Кантар и Кристина Димитрова за позајмените гласови

Персонифициран ѕиден часовник е дел од животот на еден брачен пар – постојано ги следи, им го окупира просторот и буквално им го одбројува времето. Проблемот започнува токму од нивниот различен однос кон времето: додека мажот е спокоен и нема проблем со присуството на саатот, на жената ѝ пречи неговото непрекинато чукање, ја прави нервозна и премногу свесна за поминувањето на времето. Таа упорно
го наведува сопругот да заминат некаде и да почнат да прават нешто значајно со своите животи пред да биде предоцна, но каде и да оди, што и да прави, таа не успева да се ослободи од чукaњето на саатот.

Времето не гарантира смисла – ни овде, ни никаде.

Ова е претстава за судирот меѓу објективното и субјективното време кои ретко се синхронизирани, но и за повторливоста наспроти минливоста – две спротивности од кои колку и да бегаме, секогаш, без исклучок, нѐ наоѓаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.