Со претставата ,,Ајнштајновите соништа,, од Лајтман, во режија на Слободан Унковски, театарот ,,Војдан Чернодрински,, гостува на реномираниот и престижен фестивал МЕСС во Сараево кој се одржува по 55 пат. Претставата, која е копродукциски проект со театарот ,,Навигатор Цветко,, ќе биде изведена во недела на 9 октомври во Сараевскиот воен театар. Драматизацијата на текстот е на Русомир Богдановски, музиката на Златко Ориѓански, а костимограф е Роза Трајческа – Ристовска.
Во претставата играат – Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев, Илија Волчески.
Ова е второ претставување на прилепскиот тетаар на интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево. Претходно беше со ,,Тапани во ноќта,, во режија на Мартин Кочовски, со која беа освоени три награди.