Прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” го отвара фестивалот на монодрама во Битола

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Љубовни пози на историјата„ (Figurae, veneris, historia) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска во петок 11 мај 2018 , гостува во Битола. Настапува на отворањето на јубилејното 20 – то издание на Фестивалот на монодрама.

Битолската публика ќе има можност да ја проследи претставата која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Претставта „Љубовни пози на историјата“ покажува и какви последици остава војната врз човечкиот род.

Преку личните приказни на колоритните ликови кои доаѓаат од различни слоеви на општеството и ситуациите низ кои поминуваат, публиката ќе може да се препознае себеси.

Претставата „Figurae Veneris Historiae“ јасно покажува дека војната менува сѐ, тргнува во неочекувани правци, ги трансформира луѓето, ги прави ѕверови, непрепознатливи, различни од порано.

И овој пат претставата ќе потсети дека наспроти војната – лежи љубовта; единствено љубовта успева да опстои и повторно да изникне од под урнатините на војната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.