Прилепскиот “Кро Коп” стана државен првак во Кик Бокс

На Државното првенство кое се одржа во салата Борис Трајкоски и на кое настапија најдобрите кик боксери, борците на Максам Фајт очекувано се вратија со големи резултати.

Давид Шапуриќ избори најдобар резултат, односно стана државен првак во супер-тешка категорија. Боречкиот ген го наследил од неговиот татко, а со напорна работа пристигнаа и резултатите.

Давид е спортист кој несомнено треба да не прави горди што живее во нашиот град. Тој е страшно амбициозен и секогаш мотивиран.

Напорните тренинзи кои ги подготвува неговиот тренер Пеце Ангелески-Максам вродија со плод. Но не смее тука да застане, од него се очекува многу повеќе.

Освен Кик-Бокс Давид тренира и се натпреварува во Бразилско џиу џицу и ММА каде до сега нема пораз.

Давид Шапуриќ е млад и надежен спортист, но за големи успеси потребни се спонзорства, особено во спортот за кој тој се одлучил. До сега во пресрет излегле само ДЕ-НИ Мебел и Центарот за кинезитерапија Св. Пантелејмон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.