Прилепскиот карвинг виртуоз, втора година по ред освои медал на најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот (ФОТО)

Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најновото издание на најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој 19 години се одржува во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.

Како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот по втор пат учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој повторно ги презентираше своите карвинг мајстории и оваа година освои второ место – сребрен медал.

Алексоски, кој прераснува во вистински амбасадор на Прилеп и Македонија, минатата година на овој натпревар го освои златото.

Покрај Алексоски, од тимот на “Гастромак” со признанија се закитија и: Виктор Радевски од “Етно Село Тимчевски” со сребрен медал, a Дени Шубашевски од “Вила Виста” oсвои две сребрени медали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.