Прилепскиот голман Трајковски со втора најдобра одбрана на Светското првенство во Франција (ВИДЕО)

16114313_10210388957393246_6170768106724676900_n

Дебитантот на голот на македонската ракометна репрезентација, прилепчанецот Благојче Трајковски ја има втората најдобра одбрана на Светското првенство во Франција.

Неговата одбрана на натпреварот против Словенија, заедно со одбраната од наредниот напад на словенскиот голман Матевж Скок се рангирани на второто место.

Иако Трајковски имаше и многу подобри одбрани, сепак организаторите решиле тој да го подели второто место со голманот на Словенија.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.