Познато е дека “Волфцваген” и нивниот најдобaр модел “Голф” имаат бројни обожаватели ширум светот, но Жозеф Јуза е посебен меѓу нив, затоа што поседува импресивна колекција од неверојатни 114 примероци на “Голф” – пишува “autopress.hr”.
За разлика од Џеј Лена или бројни други познати колекционери, Жозеф Јуза од Аустрија во својата колекција има само еден модел. Секако, меѓу тие 114 примероци на голфови има секакви модели, а како што самиот признава најголема слабост му е првата серија на првата генерација.
Посебно внимание привлекува рачно изработениот “Golf G60 Limited”. Филозофијата на Жозеф Јуза е – вистинскиот Голф за вистинска прилика – а тој има и неколку единствени примероци.
Еден од таквите е Golf I со клизачки врати кој произведувачот го користел како показен модел во салоните за автомобили далечната 1974 година. Посебен е и Golf I CitySTROMer, со електричен погон, и.т.н.
Eден од вљубениците во овие издржливи со генерации машини е и Борче Ацески од Прилеп. Омилен модел на Борче е Голф двојка, а од своите миленици прави вистински чуда.
Вљубеник во “Голф двојка” од Прилеп, прави чуда од своите 4 миленици – ГАЛЕРИЈА
Неодамна неговиот Голф ги собра сите аплаузи и на деветтиот по ред “Volkswagen club Fest” кој се одржа на 17 и 18 март во “Интер Експо центарот” во Софија.