На 02.06.2018год. во Белград Р.Србија се одржа Генералното Собрание на Европската Боксерска Унија Е.Б.У за професионален бокс, во организација на Српската Професионална Боксерска Федерација, на чело со генералниот секретар Лука Поповиќ.
На ова Собрание учествуваше македонската комисија, организација “Про Бокс Македонија” под водство на секретарот од Прилеп Дарко Чатлески.
“Про Бокс Македодонија” е полноправен член на Е.Б.У од 2013 година.
На Собранието беше спроведен избор на кој се гласаше за Претседател на Е.Б.У (со мандат од 4 години) и избор на Управен одбор на Е.Б.У. (со мандат од 4 години).
Реизбран беше досегашниот Претседател господин Боб Лоџист од Белгија, а во Управниот одбор беа избрани 3 нови директори и тоа: Џенсен Данска , Шчекутиев Русија и Пуонс од Монако.
Целосна листа на Управниот одбор на Е.Б.У:
Mr Giles, UK, Mr Guilani, Belgium, Mr Jensen, Denmark, Mr Stucki, Switzerland, Mr Augustin, Finland, Mr Becquelin, France, Mr Schekutyev, Russia, Mr Matas, Spain, Mr Apa, Italy и Mr Puons, Monaco.
“Разговаравме со многу значајни личности од ЕБУ. Претседателот и дел од одборот се задоволни од досегашната работа на ПБМ во Македонија. Ги известивме дека планираме да организираме 2 до3 инернационални професионални бокс мечеви во Македонија до крајот на оваа година и притоа добивме целосна поддршка од страната на ЕБУ”, изјави Дарко Чатлески.