Прилепскиот бокс има иднина: Матеј Чатлески освои сребро во рамноправна бopба со поискусен албански боксер (Видео)

На 25 јуни во саботата се одржа првиот Меѓународен турнир “Арена Куп” во Скопје во организација на БК ЧАИР и НБФ. Нашиот боксер Матеј Чатлески во третата негова борба во боксерската кариера покажа одлична борба против многу поискусниот Амар Кочи од Албанија.

Во рамноправна борба победата му припадна на Амар Кочи, а Матеј Чатлески го освои сребрениот медал.

-После борбата видов дека можеме да се носиме со поискусни боксери и за брзо време да победуваме. Презадоволен сум од пожаната техника и физичката подготвеност на Матеј Чатлески. За нашиот перспективен боксер Марко Петрески немаше противник. Гледаме голема иднина на нашите боксери, истакна тренерот на клубот Дарко Чатлески.

Моментално боксерскиот клуб “АС” ПРИЛЕП е на првото место на младинската лига во бокс на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.