Изминатиот викенд во спортската сала “Македонски херои” во Скопје, се одржа шестото и последно коло од Првата и Младинската лига во бокс на Македонија.
Дел од лигата и оваа година беше прилепскиот боксерски клуб “АС”, oд каде одново одлично се претставија и лигата ја завршија во врвот на табелата.
Од клубот упатија благодарност за несебичната поддршката до Министерството за спорт и локалната самоуправа, и информираа за резултатите кои нивните боксери ги постигнаа во последното коло:
-Леон Цветкоски до 40 кг. загуби во равноправна борба со 2:1 и покажа одлична борба.
-Мартин Трајкоски до 52 кг. победи со одлична прикажана техничко тактична борба.
-Валентин Стризлоски до 70кг. дебитираше со победа над својот противник.
-Давид Карапеев до 75кг. ја оствари највпечаткивата победа со нокаут во втората рунда.
-Младинецот Влатко Димески немаше противник во неговата категорија.
БК “АС” Прилеп сезоната ја заврши на четвртото место во Младинска бокс лига на Македонија.
Честитки за боксерите од БК АС Прилеп и тимот кој успеа и годинава со макотрпна работа и ангажираност со талентите во боксот да го постигни овој резултат.
Планот за наредна година е што поголеми успеси за градот Прилеп и Македонија.






























