Прилепскиот ас Јованоски ТРЕТ ВО СВЕТОТ – блескаво издание на Светскиот Куп во параглајдинг

Ова лето, Крушево повторно го привлече вниманието на светската параглајдинг сцена како домаќин на Светскиот куп 2025, едно од најпрестижните натпреварувања во воздушниот спорт. Од 20 до 27. јули, највисокиот град на Балканот беше домаќин на 132 пилоти од преку 40 земји, кои се натпреваруваа во извонредни услови над Мечкин Камен, при што токму македонскиот терен уште еднаш покажа зошто е меѓу најценетите дестинации за прелети во светот.

Голема гордост за Македонија е прилепчанецот Мартин Јованоски, кој со исклучителен настап во поединечна конкуренција го освои третото место во светот. Покрај тоа, Јованоски беше и дел од тимот OZONE, кој во екипна конкуренција го освои првото место, пред водечките интернационални тимови.

Овој успех не е случаен – Јованоски веќе години наназад е меѓу водечките европски пилоти, а неговото искуство и техничка прецизност беа клучни за високите резултати.

Со врвна организација, привлечен терен и несекојдневна енергија, Крушево уште еднаш се запиша како скапоцена точка на светската параглајдинг мапа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.